Ќе се руши „Сан Сиро“, Милан и Интер ќе градат нов стадион за 650 милиони евра

Легендарниот стадион на Милан и Интер, „Сан Сиро“, ќе биде срушен, откако двата клуба се согласија да изградат нов, кој ќе чини 650 милиони евра. Тие решиле дека е подобро да се изгради нов стадион, откако модернизацијата на постојниот стадион се покажала како прескап проект.

„Ќе изградиме нов ‘Сан Сиро‘ во истата област. Стариот стадион ќе биде урнат и на негово место ќе бидат изградени комерцијални објекти“, рекол претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Новиот стадион ќе има 20.000 седишта помалку од сегашниот и треба да биде готов за сезоната 2022/23.

Оригиналниот стадион изграден во 1925 година, беше домаќин на четири европски финалиња и на шест натпревари од Светското првенство 1990 во Италија. Милан почна да го дели стадионот со Интер во 1937 година. Кога Интер играше на стадионот, тој се викаше „Џузепе Меаца“.

Текстот Ќе се руши „Сан Сиро“, Милан и Интер ќе градат нов стадион за 650 милиони евра е превземен од Reporter.mk.