„Нетфликс“ откри дека ќе снима мини-серија за спасувањето на 12 деца фудбалери и нивниот тренер од пештерата во Тајланд минатата година. Децата од фудбалскиот тим „Вајлд боарс“ лани во јуни беа заробени во поплавена пештера и спасувачките екипи ги извлекоа по 17 дена. Сите деца и нивниот тренер беа спасени во операција во која учествуваа 90 нуркачи од цел свет, а еден од нив загина.
Серијата ќе ја прават режисерите на филмот „Откачени богати Азијци“, Џон М. Чу и Натавут Понпирија.
„Приказната комбинира толку многу локални и глобални теми, кои ги споија луѓето од цел свет. Тајланд е многу важен пазар за ‘Нетфликс’ и едвај чекаме да ја оживееме оваа инспиративна приказна“, рекла Ерика Норт од „Нетфликс“.
Досега за спасувачката акција се објавени две книги, а во декември заврши снимањето на филмот „Пештерата“.
Текстот Ќе се снима серија за спасувањето на децата заробени во пештерата на Тајланд е превземен од Reporter.mk.