Џена Буш-Хагер, ќерката на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш Помладиот, во интервју на Ен-би-си рекла дека во Белата куќа живеат духови. Таа раскажала дека една вечер од каминот во една од собите на Белата куќа почнала да се слуша музика од ’20-тите години на минатиот век.
„Скокнав до креветот на сестра ми Барбара, но и двете не можевме да заспиеме. Двете разгледавме наоколу, ама не видовме никого. Знам дека беа духови, нема како да почне да свири музиката поинаку. Мислам дека не се духови со лоши намери. Ведувам дека уште живеат таму“, рекла Џена во интервјуто.
Таа додала дека за случката разговарале со неколку луѓе што работеле во Белата куќа.
„Еден од нив не беше изненаден, бидејќи веќе бил сведок на голем број необјаснети феномени во зградата“, додала таа.
Текстот Ќерката на Џорџ Буш тврди дека во Белата куќа живеат духови е превземен од Reporter.mk.