Ќерката на Стив Ирвин се омажи во зоолошка градина

Ќерката на познатиот љубител на животни Стив Ирвин, Бинди, се омажи во австралиската зоолошка градина со својот вереник Чандлер По. Двојката се пофали на социјалните мрежи, а затоа што низ светот во моментов се шири коронавирусот, двајцата одлучија венчавката да ја направат без гости.

„Имавме мала церемонија и се омажив за мојот најдобар пријател. Нема зборови со кои би ја опишала количината на љубов и светло во моето срце. Овој прекрасен ден го планиравме речиси цела година и моравме работите да ги промениме. Одлучивме венчавката да ја направиме без гости. Тоа беше тешка одлука, но важно ни беше сите да останат безбедни. Сите кои ова го читате, останете безбедни и запаметете дека лубовта секогаш победува“, напиша Бинди под фотографијата со нејзиниот нов сопруг.

Бинди и По се верија на 24 јули минатата година на нејзиниот 21. роденден. Интересно е дека таа и По се запознаа во зоолошка градина. Двајцата беа во врска шест години.

Славниот ловец на крокодили Стив Ирвин почина кога Бинди имаше само осум години. Познатото телевизиско лице трагично загина снимајќи ја серијата „Најопасните животни во океанот“. Додека нуркаше го прободе смртоносна ража.

 

 

Текстот Ќерката на Стив Ирвин се омажи во зоолошка градина е превземен од Reporter.mk.