Папата Франциско ги повика католиците да се молат со него на интернет и ја претстави аликацијата „Кликни за да се помолиш“ (Click to Prey). Апликацијата направена на шест јазици е објавена на официјалната интернет-страница на Ватикан, Светска молитвена мрежа. Станува збор за посебна социјална мрежа на која секој верник може да направи свој профил. Кога ќе ја изберат опцијата „Да се помолиме со папата”, верниците ќе може да видат за што треба да се помолат тој месец.
Освен тоа, постои и опција „Да се помолиме со мрежата“, место каде што корисниците можат да ги споделат своите молитви со други лица. Целта е да се создаде платформа преку која луѓето ќе му се придружат на папата во „мисијата на сострадание кон светот“, стои во соопштението дадено од Ватикан.
Текстот Кликни за да се помолиш со папата е превземен од Reporter.mk.