Според најновaтa студија, над Атлантски Океан ќе има сè посилни турбуленции заради промените во струите на ветровите кои настанале како последица на климатските промени, јавува Science Alert.
Имено, една од главните причини при ведро време е таканаречено спуштање на ветрот, промена на неговиот правец (wind shear).
Проблематичниот север на Атлантскиот Океан
Научниците во новото истражување, објавено во весникот Nature, го претставиле ова откритие. Струите циркулираат на висините на кои летаат авионите. Забележаните промени можат значајно да влијаат на пилотирањето, затоа што на тоа подрачје во просек поминуват околу 3000. лета дневно. Студијата се концентрирала на тој регион заради две причини: Северот на Атланскиот Океан е најпрометен трансатлански коридор на светот, а летовите кои поминуваат на оваа подрачје обично се изложени на поларниот млаз на ветрот, посебно во тек на зимата.
Турбуленции и пад на авионите
Предвидени се два до три пати поголеми турбуленции. Метеорологот Симон Х. Ли, водачот на истражувањето додал дека патниците не треба да ги загрижува овој факт затоа што турбуленциите не се причина за пад на авион. „Можноста да се сруши авионот поради турбуленција е- никаква“, изјавил тој.
Текстот Климатските промени предизвикуваат турбуленции во авионите е превземен од Reporter.mk.