Австралиската фондација за коали (AKF) денеска соопштила дека коалите се загрозен вид, пренесува Би-би-си. Како што тврдат од оваа научна невладина организација што е посветена на зачувување на коалите, само 80.000 поединки од ова животно од семејството торбари останале во дивината.
Тоа значи дека ги нема во доволен број за да се одржи и следната генерација. Иако овој број драстично е понизок од повеќето досегашни научни проценки, нема сомнение дека бројката на коали во дивината е во голем пад, пишува „Њузвик“. Коалите се ендемски вид од Австралија и изумираат затоа што многу шуми во кои живеат се уништени.
Топлотниот бран предизвикан од климатските промени исто така е важен фактор во уништувањето на коалите. AFK ги прогласија коалите за „функционално изумрени“, што значи дека популацијата паднала толку ниско што повеќе тие немаат влијание на околината, односно не се во состојба да играат улога во екосистемот.
Функционалното изумирање на одреден вид може да значи и преживување на мала популација. Но и покрај тоа што сè уште се размножува, овој вид животни страдаат од парење со видови со кои се во блиско сродство, нешто што уште повеќе ги прави ранливи на разни болести.
Меѓу коалите повеќе нема доволно возрасни единки кои би можеле да го одржат видот. Експертите предупредуваат дека каква било генетска болест или патоген би можел да биде сериозна закана врз нивниот опстанок. Студиите покажале дека илјадници коали умреле од дехидрација во интензивниот топлотен бран во Австралија.
Коалите милиони години биле клучен дел за здравата еукалиптусова шума, затоа што ги јадат нивните горни лисја, додека нивниот измет што паѓа на земјата придонесува за есенцијално рециклирање на хранливите материи во екосистемот. Судејќи според пронајдените фосилни остатоци, овие животни се стари најмалку 30 милиони години.
Тие бие извор за храна за денес изумрените големи месојадци, меѓу кои и мегафауната. Според AFK во 41 од 128 познати живеалиште на коалата, повеќе нема ниту една единка од овој вид. Директорката на AKF, Дебора Табарт, го повикала австралискиот премиер да се обиде да направи нешто за спас на коалата.
Текстот Коалите се пред изумирање е превземен од Reporter.mk.