Кој воопшто одлучил дека панталоните се неопходни е прашање кое до ден денес останува мистерија. Факт е дека панталоните се присутни веќе неколку илјади години, но не претставуваат најудобниот облик на облека.
Кој е тогаш човекот кој прв ги измислил и зошто?
Во четвртиот век од новата ера, елитата во Рим била запрепастена со новото кројачки дизајн и присуство на луѓето кои шетале низ цивилизациските улици. Во тоа време се сметало дека овој дел од облеката бил карактеристичен за варварите. Во тоа време голем број на Готи и Хуни станале членови на римската војска, но нивната одважна навика да се движат низ градот во панталони, ги правело Римјаните нервозни. До 399 година, градот имал два закони кои забранувале носење на панталони и чизми. Во спортивно оние кои ги носеле биле казнувани.
Не изненадува тоа што првите панталони во овој дел од светот стигнале од Далечниот исток. Археолози во 2014 година, откриле две машки тела во средовечни години, погребани во периодот меѓу 3000 и 3300 година, во западна Кина. И двајцата биле облечени во најстарите познати панталони. На нив била пронајдена козја кожа околу колковите, а панталните им биле направени од волни. Исто така имале и сложени шари на ногавиците.
Панталоните даваат поголема топлина за разлика од другите делови на облеката, па палеонтолозите и социолозите долго се сомневаат на уште една причина за брзото ширење на овој тип на облека ширум светот. Тоа е коњаницата.
Историчарите долго време го поврзуваат ширењето на панталоните со ширењето на коњаницата, од Кореја па се до Рим и северноамериканските рамнини. Овие два откриени древни Кинези се совршен пример за тоа.
За разлика од другите тела пронајдени на гробиштата, овие се пронајдени со дрвени коњи, кожнени делови и други предмети кои потсетувале на живот кој во поголем дел го минале на седло.
Дали ова биле првите панталони некогаш носени? Веројано не, но секако биле висока мода за оние луѓе кои во тој период ги носеле, јавајќи на коњи.
Текстот Кога биле измислени првите панталони? е превземен од Reporter.mk.