Вага и лав
Лавот ѝ го возбудува животот на вагата. Со него може да доживее вистински огномет, и во сексот и во емотивна смисла. На лавот му одговара вагата бидејќи во него го буди најдоброто и го поттикнува да ја открие и онаа страна од себе за која не знаел дека постои.
Риби и девица
Воздржаната и секогаш напната девица можат да ја опуштат само рибите. Тие знаат како да ѝ помогнат на девицата да не размислува за небитни работи туку едноставно да се препушти на страстите. Таа на рибите им дава силна енергија и им нуду решение за проблемите што ги има рибата.
Близнаци и овен
И двата знака се љубители на авантури и акција, што им претставува и најголемо возбудување. Овните ги привлекува интелигенцијата и харизмата на близнаците, а близнаците не можат да одолеат на страста и големата енергија на овните. Иако одлично се забавуваат во кревет, тие одлично функционираат и во врска.
Скорпија и бик
Тие се вистински доказ дека спротивностите навистина се привлекуваат. Бикот најмногу го привлекува таинствената скорпија, а скорпијата обожава што мора да се труди за да го освои срцето на бикот и да дојде до неговата емотивна страна.
Јарец и рак
За студените јарци нема никој подобар од добродушните ракови кои најдобро знаат како да разбудат емоција во другите луѓе. Едни на други си даваат чувство на сигурност и токму затоа меѓу нив се создава неверојатна хемија каква не можат да почувствуваат со никој друг.
Стрелец и водолија
Стрелците и водолиите се многу слични и затоа добро се согласуваат. И двата знака сакаат да експериментираат во сексот, но и да се препуштат на животните авантури. Тие одлично функционираат во врска и многу добро го разбираат начинот на кој другата страна размислува и делува.
Текстот Кои хороскопски знаци најмногу си одговараат во сексот е превземен од Reporter.mk.