Астролозите велат дека луѓето родени во знакот на стрелец озборуваат повеќе од сите останати во хороскопот. Тие се искрени и отворени до таа мера што понекогаш стануваат и нетактични и навредливи. Стрелците знаат се за било што и за секого. Ако не се работи за нешто ново и возбудливо, на стрелецот веројатно ќе му биде здодевно.
Пријателството со стрелецот е отворено и искрено и многумина му замеруваат дека не е доволно тактичен, но неговото срце е нерасипано. Стрелецот секогаш го кажува она што го мисли. Секогаш е во потрага за возбуда, па нервозни и сериозни луѓе кои се плашат од промени не им се баш најдобри пријатели.
Многу се самосвесни и секогаш мислат далеку однапред, поради што не можат да го разберат секојдневниот живот, кому често му се смеат, а понекогаш во тоа умеат и да претераат.
Текстот Кој во хороскопот најмногу озборува е превземен од Reporter.mk.