Моторизираната инвалидска количка што Стивен Хокинг ја користеше поради својата болест долги години е продадена на аукција за 393.000 долари, пишува Асошиејтед прес. Прво се очекуваше количката да се продаде за 19.528 долари.
Освен количката, на аукцијата беа продадени вкупно 22 лични предмети од Хокинг. Меѓу нив се најдоа и копија од неговата докторска теза напишана на Универзитетот во Кембриџ во 1965 година, која е продадена за 767.000 долари. Сумата е за три пати поголема од предвидувањата. На аукцијата беше продадена и скрипта од еден негов настап во анимирано телевизиско шоу, за 8.136 долари, додека колекцијата од неговите медали и награди достигна сума од 386.037 долари.
Собраните пари до количката ќе одат во две добротворните организации Фондацијата Стивен Хокинг и Асоцијацијата за моторно невронски заболувања.
Хокинг почина годинава на 14 март.
Текстот Количката на Стивен Хокинг продадена за 393.000 долари е превземен од Reporter.mk.