Ако сакате да ги гушкате своите деца – правете го тоа и понатаму. Еден ден за тоа ќе ви бидат благодарни.
Според најновите истражувања, прегратката, тој несомнителен облик на физичка приврзаност, е многу важна за развојот на детето. Истражувањето е спроведено во Националната детска болница во Охајо кое опфатило 125 деца, меѓу кои имало и предвремено родени.
Истражувањето покажало дека гушкање и нежноста спрема децата предизвикува силна реакција на мозокот и им помага побрзо да се развиваат.
Да го сакате своето дете и да бидете нежен спрема него не само што е убаво и хумано, туку и е многу корисно.
Др. Натали Метр, раководител на истражувањето, објаснува дека овој едноставен чин има огромно влијание врз детскиот мозок.
Во текот на прегратката, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во големи количини и допринесува за зајакнување на врската помеѓу мајката и детето.
Недостатокот на прегратка може негативно да влијае врз детето, намалувајќи ја неговата самодоверба и отежнување на комуникацијата со другите луѓе.
Треба да се знае дека секој пат кога ќе прегрнете некого, вие не само што покажувате наклонетост, туку и го зголемувате нивото на окситоцин и го подобрувате целокупното психичко здравје.
Дали често ги гушкате своите деца?
Текстот Колку повеќе ги гушкате своите деца, толку тие стануваат попаметни е превземен од Reporter.mk.