Коментатор почина од срцев удар по натпреварот Египет-Саудиска Арабија

Поранешниот египетски фудбалер и спортски коментатор Абдел Рахим Мохамед почина веднаш по завршувањето на натпреварот помеѓу Египет и Саудиска Арабија. Според медиумите, тој доживеал срцев удар кога Египет го загубил натпреварот на Мундијалот во Русија.

Според „Раша тудеј“, Мохамед требал да гостува на каналот „Нил спортс“ за да го коментира дуелот во кој Египет беше поразен со 2:1, ама претходно доживеал срцев удар.