Компанија нуди 100.000 долари, ако една година издржите без паметен мобилен

Непозната компанија покрена иницијатива за натпревар во кој учесниците ќе можат да освојат 100.000 долари, ако една година издржат да не користат мобилен телефон.

Пријавите се прават преку #nophoneforayear на вашиот Твитер профил или Инстаграм профил. Единствен услов за пријавување е само да опишете како годината би ви изгледала без да ги користите услугите на мобилен телефон.

Пријавувањето трае до 8 јануари 2019 година, а компанијата на 22 јануари следната година ќе ги објави имињата на учесниците кои ќе бидат одбрани да се натпреваруваат.

Засега не е познато како компанијата точно ќе ги контролира натпреварувачите, односно ќе проверува дали не користеле паметен телефон.

Познато е само дека оние кои ќе учествуваат, на крајот на годината ќе мора да минат на детектор за лаги. Ако издржат цела година без користење на мобилен телефон, ќе го освојат целосниот износ на наградата.

По шестиот месец, ако издржат без да користат мобилен телефон, на нивната сметка ќе легнат 10.000 долари. Сите оние кои нема да издржат во овој период, нема да бидат наградени.

 

 

Текстот Компанија нуди 100.000 долари, ако една година издржите без паметен мобилен е превземен од Reporter.mk.