Корејски пејач заврши на суд, ја користел славата за да избегне да служи во војска

Пејачот и поранешниот член на бој-бендот Big Bang, Ли Шонг Ху, познат под уметничкото име „Сеунгри“, што на корејски значи „победа“, е обвинет коцкање, проституција и трговија со странска валута. Поради прекршување на законите, сега му се заканува војска, а ќе мора да излезе и пред воен суд.

Претходно Ли бил обвинет за  плаќање на сексуални услуги во Тајван, Јапонија и Хонг Конг, како и за недозволено коцкање. Многу од неговите фанови, кои ги има над осум милиони на социјалните мрежи, застанаа во негова одбрана, тврдејќи дека законите во Јужна Кореја се ригорозни.

Законите во Јужна Кореја дозволуваат мажите да имаат право до пет пати да го одложат служењето на воен рок, пред да наполнат 31 година, но за тоа постојат одредени причини. Сепак, целокупното време на одложување на рокот не смее да трае подолго од две години. Ли во март минатата година, за последен пат го одложи служењето.

Јужнокорејските медиуми пренесуваат дека тој е обвинет за плаќање на сексуални услуги во Тајван, Јапонија и Хонг Конг, како и за недозволено коцкање.

„Истрагата ја сватив сериозно за да ги расчистам сите неточни наводи“, напишал неодамна Ли на „Инстагрм“. Со него не се согласува групата на феминистки позната во земјата под името Digital Sexual Crime Out.

„Бараме саморефлексија меѓу славните личности кои се силувачи и кои ги сметаат жените исклучиво како сексуално орудие, а не човечко суштество, кое треба да се уважува. Тоа се лица кои активно учествувале во злосторства, кои помагале или уживале во истите“, стои во изјавата.

Бендот Big Bang е е ден од најуспешните јужнокорејски бендови. Во 2015 година, оствариле заработка од 44 милиони долари, а во моментов се на пауза, затоа што останатите членови од бендот служат воен рок.

 

 

 

Текстот Корејски пејач заврши на суд, ја користел славата за да избегне да служи во војска е превземен од Reporter.mk.