Коронавирусот проструи низ светот со експоненцијален пораст на заболени, и покрај големиот труд на медицинскиот персонал.
СЗО веќе прогласи пандемија на корона вирусот и вонредни ситуации во речиси сите земји, исто така мораме да направиме сè што е во наша моќ да се заштитите себеси и своите најмили од овој вирус.
Покрај упатствата, еве и неколку Фенг шуи совети како да се чувате себеси и саканите луѓе во оваа опасна ситуација.
Фенг шуи совети за да сте сигурни од корона вирусот:
Идентификувајте го јужниот сектор на својата куќа
На основа на годинешната летачка ѕвезда за 2020, неповолната ѕвезда бр. 2, позната и како болест на две црни ѕвезди, оваа година го продолжила животот во јужниот сектор. Затоа за нас е клучно да го лоцираме овој јужен сектор и да ги сведеме на минимум активностите во оваа област.
Чувајте го јужниот сектор чист и без неред
Покрај намалување на активностите, добро е просторот да го одржувате чист како би се намалила негативната енергија на оваа болест.
Додајте метални елементи во јужниот сектор
За да го смалите негативниот ефект на оваа болест, можете да го разгледате поставувањето на метални предмети во овој сектор, на пример клатно, часовник од месинг или било кој други предмети кои припаѓаат на металниот елемент. Избегнувајте црвено во овој сектор.
Промовирање на добра здравствена енергија на Исток
Покрај ублажување на негативните ефекти на неповолните ѕвезди, можете да го разгледате и зајакнувањето на позитивните енергии доведувајќи ја природата на Исток. Среќниот бамбус или било која зелена билка која е среќна, се одличен избор за подобрување на енергијата во оваа област.
Бидете дополнително внимателни за овие три кинески хороскопски знаци
Доколку спаѓате во некој од овие три кинески хороскопски знаци, имено, мајмун, куче и свиња, здравјето ќе ви биде главен приоритет во оваа година. Водете здрава исхрана и стил на живот.
Се надеваме дека ќе имате корист од овие три Фенг шуи совети и мерки за заштита на себеси и саканите од корона вирус. Примената на овие совети може да ви помогне на некој начин, но секако обратете му се на лекарот за помош доколку почувствувате било каков симптом од оваа болест.
Текстот Коронавирус – Фенг шуи совети кои би требало да ги знаете е превземен од Reporter.mk.