„Ковид-19“, погоди повеќе од 500.000 луѓе ширум светот и доведе до илјадници смртни случаи. Но, сеуште постојат неколку места во светот, во кој вирусот досега нема заразено ниту една личност.
Едно од тие места е островите Палау, кои се наоѓаат во северниот дел на Тихиот океан. На него живеат 18.000 жители, но сеуште досега од нив нема „Ковид-19“.
Тихиот океан претставува тампон за малиот остров во борбата против опасниот вирус. Строгото ограничување на патување, помогна во задржувањето на инфекцијата за голем број нации во регионот. Меѓу нив се Тонго, Соломонови острови, Маршалските острови и Микронезија.
Меѓу ваквите места спаѓаат и Самоа, Туркемнистан, Северна Кореја и базата на смрзнатиот континент Антарктикот. Но, далечината не е сигурна да се спречи немилосрдниот марш на новата болест. Островот Северна Маријана (северно од Палау), ги потврди своите први случаи викендов, по што настана сомнеж и за првиот смртен случај.
„Можете да го почувствувате порастот и напнатоста и анксиозноста само преку купувањето“, изјавил 28 годишниот Кламиокл Тулоп за новинската агенција „Асошиетед Прес“.
„Во продавниците е уште поголема гужва, отколку во неделата“, објаснил тој.
Тој се надева дека островот ќе ја избегне судбината на Вухан, Њујорк или Мадрд, земји со подобри ресурси и земји во кои се пречекорени можностите да им се укаже еднаква здравствена услуга на сите.
На островот Палау имаше неколку стравувања, вклучувајќи го и потенцијалниот случај оваа година, во кој една личност беше ставена во карантин, додека властите ги чекаа резултатите од тестовите.
Овие стравови и глобалното ширење на болеста, доведоа до економска парализа на островот. Меѓу полиците во супермаркетите во најголемиот град Корор, е забележана невидена гужва, а недостасуваат и средства за чистење на рацете, маски и алкохол.
Островот многу зависи од робата која се увезува, што значи дека залихите многу брзо се намалуваат. „Јунајтед Ерлајнс“ имал 6 летови неделно од блиското место Гуам, во кој се забележани повеќе од 50 случаи, но сега постои само еден лет неделно.
Многу од луѓето зависат од туризмот, но работата веќе пресуши, велат тамошните жители. Тие велат дека практикуваат социјално дистанцирање. Лекарите ги чекаат тестовите кои пристигнуваат од Тајван. Владата гради пет изолациони соби, во кои може да се примат до 14 пациенти.
Еден континент без вирус е Антарктикот. Во засолништата нема потреба од социјално дистанцирање. Група научници кои се таму на безбедно, размислуваат само како се нивните најблиски дома.
На некои места каде има недостаток на пријавени случаи со коронавирус, не значи и дека нема случаи за пријавување. Сеерна Кореја итните мерки ги прикажа како неусловевн успех и спречување на „Ковид-19“, и покрај големата епидемија во соседна Кина и Јужна Кореја.
Но, се чини дека државните медиуми даваат лажна слика за да на обичните Севернокорејци им дадат лажна надеж, давајќи им на скептиците причина да веруваат дека најтајната влада на светот, можеби не ја говори целата вистина.
Текстот Коронавирусот ги заобиколи рајските острови, на кои места во светот нема зараза е превземен од Reporter.mk.