Краткиот боб се разликува од традиционалниот боб по должината. Одговара скоро на сите жени без разлика на обликот на лицето, бојата на косата или квалитетот.
Краток боб – како изгледа?
Како што и самото име сугерира, краткиот боб е пократок од стандардниот – додека најдолгите прамени кај класичниот боб достига до брадата, во пократка верзија имаат должина до ушите. Сетете се дека боб фризурата секогаш бара асиметрична коса – подолга напред и пократка ододзади.
Краткиот боб изгледа одлично со патец на средина така и со рамни или асиметрични шишки. Кои други предности ги има? Има исклучително подмладувачка снага! Може лесно да ви одземе неколку години, особено доколку се одлучите за верзија во руса боја. Краткиот боб има само една маана – доволно е краток што повеќе нема да можете да ја врзете косата. Доколку се одлучите за таква фризура, би требало тоа да го земете во обѕир.
Оваа фризура најдобро ќе им стои на жените со правилни црти на лицето – овалното лице е идеално. За жал, жените со округли лица треба да се откажат од оваа фризура. Краткиот боб изгледа одлично кај жените од сите возрасти и бои на коса.
Текстот Краток боб – повторно е во мода е превземен од Reporter.mk.