Краток спој е причината за пожарот во Нотр Дам, сметаат истражителите

Француските истражители ја разгледуваат можноста дека пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз би можел да биде предизвикан поради краток спој.

„Можеби се случил краток спој. Истражителите го покренаа прашањето дека пожарот настанал од механизацијата за подигање на материјалите кои се користени во текот на обновата“, изјавил неименуван извор за француски „Паризејн“.

Претходно градежната компанија Eurpoe Echafaudage, која била ангажирана за реставрација на катедралата, соопштила дека ги испочитувала сите безбедносни прописи и протоколи.

Пламенот кој „проголтал“ поголем дел од кровот најверојатно почнал случајно, изјавил Реми Хајц, парискиот обвинител. Хајц објаснил дека голема е веројатноста пожарот да резултирал како последица на работата на реставрацијата на горните делови од катедралата.

„Ништо не укажува на тоа дека во прашање е намерен чин“, изјавил Хајц.

Државниот секретар од Министерството за внатрешни работи на Франција, Лорен Нуњес, претходно соопштил дека стабилизирањето на ситуацијата внатре во самата катедрала ќе трае и во наредните 48 часа, а по тој рок, во храмот ќе можат да влезат експерти за да продолжат со работата околу заштитата на уметничките делови.

Обвинителството покрена истрага поради ваквите настани. Главниот обвинител соопштил дека пожарот во катедралата не е предизвикан намерно, а според прелиминарната верзија, станува збор за случаен настан. Помош за утврдување на пожарот, понудиле и бројни меѓународни организации и големи компании.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изразил сочувство до претседателот на Франција, Емануел Макрон, и францускиот народ, по повод пожарот во катедралата Нотр Дам и им ги понуди на Франција најдобрите руски експерти за обновување на објектот.

Катастрофа видлива од вселената

Првата снимка од париската катедрала Нотр Дам по пожарот е направена од вселената, а е објавена на сајтот на космичката програма „Коперник“, на Европската Уунија за надгледување на Земјата.

„Нашите колеги од американската компанија, која е оператор на сателитот за дистанционо набљудување на Земјата Planet Labs, која соработува со мисијата Kopernikus, ги направи првите јавни сателитски снимки на Нотр Дам по пожарот“, е наведено во соопштението.

Најголемиот пожар во историјата на париската катедрала Нотр Дам се случи во понеделникот. Беше уништена кулата на катедралата, а пламенот ја зафати и носечката конструкција.

Според соопштенијата на противпожарните служби, конструкцијата на Нотр Дам и главниод дел од уметностите, како и реликвиите кои се чувале во храмот не се оштетени.

Неочекуван херој за обновата на Нотр Дам

За обнова на катедралата Нотр Дам во Париз е собрана голема сума пари во висина од милијарда долари. Помошта главно доашла од моќни и богати луѓе.

Сепак, експертите велат дека кога ќе се почне со обновата на катедралата, ќе мора детално да се изучи конструкцијата на катедралата, а во тоа на архитектите и историчарите може да ѝ помогне видеоиграта Assassins Creed: Unity.

Иако се работи за една од најлошите игри во овој познат серијал, истата би можела да биде вистински спас за обновата на Нотр Дам. Играта е издадена во 2014 година, а активностите се одвиваат во Париз во добата на револуцијата.

Во играта Нотр Дам е една од значајните градежни изданија, по која главниот јунак Арно Доријан, се искачува и ги демонстрира своите вештини. Една од креаторките на играта, Каролин Мијус, две години ја проектирала катедралата која може да се види во Junitiju.

Нотр Дам е детално претставен во играта и тоа е едно од најдобрите направени 3D-мапирања на оваа катедрала. Несомнено дека играта може да биде од неизмерна помош на експертите кои ќе работат на обновата на Нотр Дам.

Сепак дали Ubisoft, творецот на популарната игра, ќе ги отстапи 3D-моделите и мапите на француските власти засега не е познато.

Текстот Краток спој е причината за пожарот во Нотр Дам, сметаат истражителите е превземен од Reporter.mk.