Кристијан Ниневски го фати крстот во Скопје

Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати Светиот крст во Вардар.  Тој рече дека годинава по шести пат скокал по крстот. „Здравје и среќа за сите, Бог се јави“, изјави Ниневски откако го фати крстот.

На манифестацијата за одбележување на празникот Водици во Скопје беа присутни стотици граѓани. Спуштањето на крстот во водите на Вардар го изврши поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Во Скопје беа пријавени околу 140 граѓани за фаќањето на крстот.

На настанот присутни беа министерката за правда Рената Дескоска, ексградоначалникот на Скопје Коце Трајановски и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Настанот беше под силно полициско обезбедување.

Текстот Кристијан Ниневски го фати крстот во Скопје е превземен од Reporter.mk.