Кривата кула во Пиза се има исправено околу 18 инчи односно 45 сантиметри, откако почнале да се одвиваат градежните активности за нејзината обнова во изминатите 28 години, велат италијанските инженери, а пренесува „Дејли Мејл“.
Експертите велат дека се потребни да минат многу години за популарното кревко здание во Италија се исправи целосно. Но, добрата вест за туристите е тоа што кулата никогаш нема да биде целосно исправена.
Откако кулата беше затворена за јавноста во јануари 1990 година, под неа од безбедносни причини се инсталирани цевки со цел да не дојде до нејзино рушење.
„Благодарение на системот ние успеавме да го поправиме за половина степен земјиштето на кое таа е изградена“, изјавил Роберт Цела, техничкиот директор во организацијата Opera Primaziale, која има за задача да ја зачува кулата.
„Сеуште се исправува. Треба да поминат многу години пред истата да сопре со исправање“, вели Цела.
Теориите велат дека 57 метри високата кула, која останала мистерија за голем број на експерти во изминатите стотици години, почнала да тоне по нејзината изградба, која почнала во 1173 година.
Тонењето се должи на недовршениот дизајн и фундаментот кој бил длабок само три метри и бил поставен во слаба нестабилна земјена површина. Три години откако кулата била прогласена за Светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 година, истата била затворена за јавноста поради безбедносни причини.
Инженерите почнале да работат со цел да ја стабилизираат и спасат во наредните 11 години. Инженерот од Пиза Универзитетот, кој работел со надзорната група составена за да ја надгледува кулата, ја проучувал и мерел во изминатите 25 години.
Тој вели дека до 2001 година кулата се исправила за 41 сантиметар, а оттогаш до денес за уште четири сантиметри. За да се разбере како 14,5000 тони тешката кула се движи, се правеле мерења на секој час.
Движењата на кулата обично се забележуваат на лето, кога е топло. Поради тоа што кулата е навалена кон југ, земјата под неа во тој дел е жешка и камењата се шират. Со самото ширење на камењата, кулата се издигнува и се исправува“, велат инженерите.
Постојат три нишалки, кои датираат уште од 1935 година, кога се почнало со систематските мерења, иако годишните мерења почнале во 1911 година.
„Кулата беше многу помистериозна кога пристигнав јас. Оваа градба се проучува во изминатите 100 години, но има уште многу работи кои треба да се истражат, вклучувајќи го и тоа како изгледа покривот во внатрешноста на кулата, кој се уште е необјаснет“, велат инженерите.
Роберт Цела вели дека кулата никогаш нема целосно да се исправи. Кога се градела тој вели дека имало обиди за да се исправи, па на тој начин направиле да изгледа како банана.
Средновековната камбанарија, која претставува симбол на моќта на поморската република Пиза во средниот век, успеала да преживее и да остане неоштетена, и покрај четирите силни земјотреси кои го погодиле регионот од 1280 година.
Текстот Кривата кула во Пиза во последните 28 години се исправила за 45 сантиметри е превземен од Reporter.mk.