Аркадиј Антонов од Санкт Петербург е уапсен за убиство на својата девојка, откако неговото куче ја однело полицијата до нејзиното тело.
Марија Фроленкова била убиена од страна на нејзиното момче, затоа што ја видел со друг маж. Антонов изјавил дека се вознемирил и изгубил контрола откако му признала дека се гледа со друг маж кој го запознала преку интернет.
Тој ја однел во шумата и ја претепал до смрт, а потоа нејзиното тело го покрил со лисја и гранки. Поради страв дека нејзиното куче би можело да привлече внимание, тој го однел на 9,6 километри од местото и го оставил. Фокс била пронајдена од страна на полицијата неколку часа подоцна. Таа лаела сакајќи да им покаже каде се наоѓа телото. Тие почнале да ја следат.
Антонов бил уапсен неколку часа по убиството и се очекува да биде осуден на 15 години затвор.
Фокс бил згрижен од семејството на жртвата. Марија има малолетна ќерка и син, за кои се грижела по разводот. Засега не е познато кој ќе се грижи за нив.
Фроленкова го запознала своето момче убиец преку интернет и му рекла дека не е заинтересирана за сериозна врска, но тој не се откажал. Се преселил во нејзиниот град за да пронајде подобар живот, но ја носел Фроленкова во скапи ресторани и купувал скапи подароци за да таа не го промени мислењето. Кога тоа не се случило тој ја убил.