Куќичка како од приказните ги воодушеви минувачите во Градскиот парк во Скопје. Тие на социјалните мрежи споделуваа слики од трупецот на старо исушено дрво што екипите на „Паркови и зеленило“ го преправиле во куќичка. „Како куќа од бајките“, „Тука може да живеат џуџињата на Снежана“, „Чекам да се појави некој Штрумф“, се само дел од коментарите на фотографиите.
Од „Паркови и зеленило“ велат дека ова ќе продолжи и во иднина, а стеблата на сувите или болни дрвја наместо да се сечат до земја, ќе прераснат во разни интересни форми што би го привлекле вниманието на минувачите, пред се на децата.
Текстот Куќичка како од приказните во Градски парк е превземен од Reporter.mk.