Куклата Барби низ годините неколкупати била прогласена за модна икона. Таа ја носела облеката на речиси сите најголеми модни дизајнери во светот. Оваа кукла сега ќе биде наградени со специјална награда од Одборот на директори на „Советот на модни дизајнери на Америка“, а наградата ќе ја прими на годишната церемонија што ќе се одржи во јуни.
Оваа награда ја освојуваат луѓе кои придонеле за модниот свет, меѓу кои Мишел Обама и Том Форд.
„Барби има толку големо влијание врз американската мода и култура. Со нејзината приказна можеме да се поврземе, па решивме да ја наградиме правилно“, рекол Стивен Колби, главен извршен директор на наградите.
Текстот Куклата Барби прогласена за модна икона е превземен од Reporter.mk.