Цената на акциите на „Мател“, компанијата што ја произведува планетарно познатата кукла Барби, паднала во четврток за повеќе од 8 проценти. Ваквиот пад се случил откако произведувачот на играчките објави послаби деловни резултати од тие што ги очекувал и најави укинување на 2200 работни места, како и продажба на некои фабрики. Ако продолжи ваквиот пад компанијата ќе престане да постои, а Барби веќе нема да се произведува.
„Метел“ најави укинување на 22% работни места во таа компанија, главно во администрацијата. Најави и продажба на фабриката во Мексико во склоп на програмата за заштеда.
Деловните резултати на „Мател“ во второто тромесечје ги разочарале инвеститорите, со оглед на тоа што компанијата немала нови производи поврзани со некој успешен филм. Поради тоа, продажбата на играчки од франшизата паднала за 23%.
Резултатите исто така биле погодени и поради ликвидација на Toys R Us, голем трговец со играчки.
„Ние сме на раскрсница, како и што очекувавме. Имавме извонредно второ тромесечје, поттикнато првенствено со ликвидација на Toys R Us, изјавил Инон Крајз, претседател и извршен директор на „Мател“.
„Во исто време имавме и силен резултат од страна на Барби, а направивме и значителен напредок во програмата на структуралното поедноставување на работењето, за да се врати профитабилноста и да се подобри продуктивноста за кратко време“, порачал Крајз.
Вкупната продажба на „Мател“ паднала во второто тромесечје за 13,7% во однос на истиот период минатата година. Паднале за 840,7 милиони долари, што е помалку од очекувањата на аналитичарите, па цената на акциите остро паднала.
Нето загубата на компанијата во тоа тромесечје пораснала на 240.9 милиони долари, со 56,1 милион долари во истиот период претходната година.
Текстот Kуклата Барби веќе нема да се произведува е превземен од Reporter.mk.