Американскиот водител на емисијата Storage Wars, Ден Дотсон во јавноста ја обелодени приказната за човек кој што за 500 долари купил напуштен магацин, во кој имало оставени 7,5 милиони долари.
Дотстон вели дека постара жена од Азија му открила за пријателот на нејзиниот сопруг, кој имал среќа да стане милионер. Дотстон вели дека откако ги откриле парите, набрзо потоа се јавиле вистинските сопственици на магазинот. Тие на почетокот им понудиле 600.000 долари за да ги вратат парите.
Откако првичната понуда била одбиена, на крај вистинските сопственици задржале само 1,2 милиони долари, додека среќниот пронаоѓач ги задржал остатокот од парите.
Идентитетот на оригиналните сопственици не е откриен, како ни причината поради која држеле толкава голема сума на пари на такво место.
„Толку милиони во магацин е нешто што не можеш да го заборавиш. Можеби некој друг бил задолжен да се грижи за магацинот“, изјавил Дотсон во снимката, а неговата сопруга додала дека можеби станува збор за лице кое завршило во затвор.
Инаку магацините во САД, наликуваат на метални контејнери, кои се плаќаат под наем. Ако ваквата обврска не се исполни, магацините по одреден период, можат да бидат продадени со сите работи кои се наоѓаат во нив.
‘Storage Wars’ star sells unit for $500 and buyer finds $7.5m inside https://t.co/G49Z8aqF5y
— MSN (@MSN) November 23, 2018
Текстот Купил магацин за 500 долари, па станал милионер е превземен од Reporter.mk.