Млад пар од Австралија пронашол шест дијамантски прстени во кутија со друштвена игра која ја купиле за два долари.
Крис (27) и неговата девојка Менди кои се преселиле од Сиднеј во Торонто на почетокот од оваа година, пред да одат на семеен одмор купиле збирка загатки под името “Mind Trap”.
„Бидејќи бевме со родителите помислив да купам друштвени игри. Отидов во продавница каде што се продаваат производи од втора употреба и земав неколку друштвени игри“, открил Крис.
И додава: Мојата мајка ја зема играта и се обиде да извади картичка, но сфати дека нема картички во кутијата. Многу брзо извади дијамантски прстен, а потоа уште еден, па уште еден, па уште еден. Во кутијата биле скриени шест дијамантски прстени во вкупна вредност од 18.000 долари.
Крис вели дека останал шокиран. “Само се гледавме и се прашувавме дали е ова реално”.
Текстот Купиле друштвена игра, наместо картички, во кутијата нашле шест дијамантски прстени е превземен од Reporter.mk.