Изневерувањето е многу болна работа која може да се случи во една врска. Но пред воопшто тоа да се случи , вашиот партнер ќе покаже неколку знаци околу тоа колку сте му важни во животот и дали планира во некој момент да ве изневери.
За да го спречите вашиот партнер да истрча кај друга во прегратки, особено обратете внимание доколку тој изговори некоја од следните пет реченици:
„Имам чувство дека повеќе не ме цениш“
Доколку се случува вашиот партнер често да ја упатува оваа замерка, тогаш постои шанса да се чувствува занемарено и да не е среќен во врската како некогаш. Таквото чувство може да доведе до заледување на емоциите и до потребата својата желба да биде прифатен да ја побара на некое друго место.
Во ваквиот случај потребно е да издвоите што е можно повеќе време за својот партнер, организирајте заеднички активности и најдете начин да ги обновите старите страсти.
„Извини што не ти одговорив на пораката“
Доколку приметите дека вашиот сакан од чиста мира престане да ви одговара на пораките, можно е повеќе да не сте му приоритет. Дури и кога е презафатен на работа, сигурно може да најде време за една кратка порака.
Поразговарајте со него и љубезно запрашајте го зошто е тоа така.
„На работа сѐ беше ОК“
Најголемиот проблем во овој случај е краткиот одговор кој вашиот партнер ви го дава, наместо деталното прераскажување за тоа како си го поминал денот. Порано со вас можел со часови да седи и да раскажува за разните случки кои му се случувале, а сега ве дочекал краток и сувопарен одговор.
Сокривањето на деталите може да биде знак за опасност и доколку вашиот партнер покажува вакви знаци, тогаш сериозно разговајте со него.
„Ајде да испробаме нешто ново во креветот“
Доколку веќе подолго време вашиот секс е едноличен, еден од партнерите ќе добие потреба да испроба нешто ново. Тоа би можело да значи и дека не е потполно задоволен со сексуалниот живот кој го има со вас.
Сфатете ги неговите желби сериозно и испробајте нови работи, секако само доколку сте согласни со она што тој го предложува. Така заеднички ќе го решите проблемот и повторно ќе ја освежите врската, а вашиот партнер ќе биде задоволен.
„Тоа е тек за неколку месеци. Не би требало да размислуваме за тоа“
Доколку вашиот партнер не сака со вас да прави планови за во иднина, тоа би можели да значи дека тој не е сигурен што ќе биде со вас за неколку месеци.
Крајно време би бил да седнете и да поразговарате за тоа каде води вашата врска.
Текстот Лаги што ги кажуваат мажите кога изневеруваат е превземен од Reporter.mk.