Лавица го убила таткото на своите три лавчиња во Зоолошка градина во Индијанаполис. Лавицата Зури (12), наводно го нападнала својот партнер Нијак (10) во оградениот дел каде биле сместени, пред Зоолошката градина биде отворена во понеделникот, пренесува itv.com.
Персоналот во Зоолошката градина почувствувал дека нешто чудно се случуга кога слушнале невообичаена голема галама. Кога пристигнале на местото, ја виделе Зури како го држи таткото на своите младенчиња во своите заби. Се обиделе да ги одвојат, но безуспешно.
По направените тестови, подоцна е утврдено дека Нијак бил угушен, што дошло како последица на повреда на вратот. Во секојдневните извештаи за животните, се наведува дека меѓу нив не е невообичаена појавата на агресија и повреди. На фејсбук страната на Зоолошката градина, е наведено дека службите ќе направат целосна истрага и дека ќе се утврдат причините за агресивното однесување на лавицата.
Лавовската двојка заедно биле осум години, а во 2015 година добиле три младенчиња од кои ниту едно не учествувало во тепачката. Нијак на сајтот на Зоолошката е опишан како многу гласен и опуштен лав, а во Индијанаполис пристигнал од Зоолошката градина во Сан Диего.
Зоолошката градина по овој инцидент нема намера да го промени начинот на кој се чуваат лавовите.
Текстот Лавица го усмртила својот партнер во Зоолошка во Филаделфија е превземен од Reporter.mk.