Играчите на Ливерпул се пласираа во финалето на Лигата на шампиони по синоќешната победа против Барселона. Црвените постигнаа 4 погодоци против каталонскиот тим и ја анулираа предноста од три гола разлика од првиот меч на Камп Ноу. Стрелци на погодоците беа Ориги во 7 и 79 минута и Вајналдум погоди во 54 и 56 минута.
Во 54 и 56 минута, Ливерпул погоди и во големото финале во Истанбул во 2005 година против екипата на Милан. Тогаш прецизно стрелаа Стивен Џерард и Владимир Смицер. Ливерпул исто тогаш успеа да се врати од негатива од три гола разлика, да победи во пенал серијата и да дојде до големиот пехар.
Од топ 15 најголеми пресврти во историјата на Лигата на шампиони, Барселона учествувала дури пет пати. Три пати била на победничката страна, двапати на губитничката. Дури три од редот на најголемите пресврти се случија оваа сезона.
– Четвртфинале 1999/2000 Челзи – Барселона 3-1, 1-5
– Четвртфинале 2003/04 Милан – Депортиво 4-1, 0-4
– Четвртфинале 2003/04 Реал Мадрид – Монако 4-2, 0-4
– Финале 2004/05 Ливерпул – Милан 6-5 (3-3, полувреме 0-3)
– Осминафинале 2011/12 Наполи – Челзи 3-1, 1-4
– Осминафинале 2012/13 Милан – Барселона 2-0, 0-4
– Осминафинале 2013/14 Олимпијакос – Манчестер Јунајтед 2-0, 0-3
– Четвртфинале 2013/14 ПСЖ – Челзи 3-1, 0-2
– Четвртфинале 2014/15 Порто – Баерн 3-1, 1-6
– Четвртфинале 2015/16 Волзбург – Реал Мадрид 2-0, 0-3
– Осминафинале 2016/17 ПСЖ – Барселона 4-0, 1-6
– Четвртфинале 2017/18 Барселона – Рома 4-0, 1-6
– Осминафинале 2018/19 Ајакс – Реал Мадрид 1-2, 4-1
– Осминафинале 2018/19 Манчестер Јунајтед – ПСЖ 0-2, 3-1
– Полуфинале 2018/19 Барселона – Ливерпул 3-0, 0-4
Текстот Ливерпул против Барса погоди во исто време како со Милан во 2005 година е превземен од Reporter.mk.