Љубов и револуција вечерва во Градки парк на филхармонијата

Најпопуларните песни од поп-рок и панк музиката кои ги одбележаа 1990-те, се на програмата на вечерашниот концерт на Филхармонијата, од 21 часот во Градскиот парк.

Концертот насловен „Љубов и револуција“ е втор од циклусот Филхармонија на отворено. Во неделата  Филхармонијата пред бројна публика го одржа концертот „Ну погоди“.

Под диригентство на Џијан Емин и во негови аранжмани ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк флојд“, „Рамштајн“. Заедно со Филхармонијата, ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент е Сашо Татарчевски, кој ќе биде главен носител на проектот.

„Љубов и револуција“ и „Ну погоди“ се реализираат во соработка со Младинскиот културен центар (МКЦ) и Град Скопје.

Текстот Љубов и револуција вечерва во Градки парк на филхармонијата е превземен од Reporter.mk.