Овен и Вага
Помеѓу овие два знака постои моќна привлечност бидејќи едниот му го пружа сето она што му недостига на другиот. Тие се привлекуваат како два магнети, но проблемот настанува кога Овенот ќе стане премногу нетрпелив. Тие не размислуваат доволно, тргнуваат во акција, а потоа ги интересира нешто друго, а Вагата тогаш може да се откаже од се’ и да побара некој постабилен. Врската на овие два знаци е можна, но доколку истата се базира само на физичка привлечност, таа ќе има краток рок на траење.
Бик и Шкорпија
Бикот и Шкорпијата обожуваат секс, а таа компатибилност им дава сила да ги пребродат речиси сите разлики. Двајцата партнери чувствуваат исклучителна потреба за страсни игри, а ако се’ друго е во ред, ниеден од нив никогаш нема да ја почувствува потребата од прељуба. Надвор од креветот тие се помалку компатибилни – подеднакво се тврдоглави и љубоморни. Бик го гледа партнерот како свој трофеј, додека Шкорпијата го сака Бикот во емоционална смисла. Врската може да биде исполнета со конфликти, но доколку постои огромна привлечност и толеранција, таа може да успее.
Рак и Јарец
Астролозите сметаат дека ова е одлична комбинација – тврдоглавиот но амбициозен Јарец одлично се надополнува со Ракот кој е вечен сонувач. Со текот на времето, овие два знаци пронаоѓаат заеднички јазик. Тие се штедливи и внимателни во трошењето на пари, па од таа страна тешко се очекуваат било какви несогласувања. Тие се верни, не се склони кон флертување и го пронаоѓаат задоволството во малите животни радости.
Лав и Водолија
Кралот на неговиот свет, Лавот, не може да ѝ одолее на Водолијата. Бунтовниот дух го воодушевува Лавот, а Водолијата е привлечена од неговата атрактивна харизма. Лавот секогаш се става себеси на прво место додека Водолијата сака да истражува и ја интересира и остатокот од светот. За среќа, таа во Лавот пронаоѓа доволно интересен “материјал” кој ќе ја задржи до него, а како и секоја друга комбинација на спротивни знаци, така и оваа може да заврши со исклучително среќна врска или целосна катастрофа.
Текстот Љубов и секс: Парови во хороскоп судени еден за друг е превземен од Reporter.mk.