Љубовен хороскоп за 2019 година

Овен

Овните во првиот дел од годината ќе бидат напнати во семејните и интимните односи. Работите може и да излезат надвор од контрола. Бидете подготвени да ја држите контролата во ваши раце, дури и кога се работи за мали несогласувања со семејството или саканата личност. Не смеете да ги игнорирате  малите знаци на предупредување, оти тоа може да доведе до големи проблеми. Ако сакате хармонија во 2019 година, бидете подготвени да разговарате за проблемите. Надминувајте ги препреките и не ѝ препуштајте ништо на случајноста. Доколку ги пребродите драматичните моменти на љубовен план во првиот дел од годината, остатокот од годината нема да наидувате на поголеми препреки.

Бик

Оваа година ќе добиете голема поддршка од пријателите, семејството и саканите. Романтиката во текот на цеката година ќе ви биде на врвот на приоритети. Вашата способност да комуницирате, да му се доверите и отворите на партнерот, ќе допринесе за зацврстување на вашата врска. Довербата што постои меѓу вас е клучен дел од вашата врска. Ако сте на почеток, не брзајте да станете интимни пред подобро да се запознаете. Оставете ја страста да се излади малку и дозволете им на работите да се случуваат бавно. Имате повеќе од доволно пријатели, а ќе запознаете и нови во периодот март-јуни.

Близнаци

Кога се во прашање врските, вие и понатаму сте неодлучни. Оваа година не е добар период за донесување големи одлуки, но постојано ќе ги мерите предностите и маните на вашата врска. Постојат големи шанси да посакате да си го смените животот во првата половина од годината, но тоа премислување само ќе ви донесе стрес. Може да биде многу подобро ако го цените тоа што го имате. Имате одлични пријатели, семејство и меѓучовечки односи. Само ви треба и самите тоа да го забележите. Негувајте ги овие односи. Забавете малку. Уживајте во мирните односи и врски оваа година.

Рак

Почетокот на годината ќе ви биде полн со искушенија. Односите што ќе се обидете да ги поправите или подобрите многу лесно може да тргнат во спротивна насока и тоа поради неколку невнимателни зборови. Во текот на овој период ќе сфатите дека сè зависи од вашето однесување. Бидете внимателни со зборовите и бидете трпеливи. Запомнете дека не сте секогаш во право. Слушајте го вашиот партнер и заедно работете на тоа да ги разберете меѓусебните потреби. Вложувањето во љубовта е задолжително во првиот дел од годината ако сакате да го зацврстите вашиот хармоничен однос.

Лав

Лавот понекогаш може да биде крал на драмите. Имајте го ова на ум ако вашата врска тргне наопаку на почетокот од 2019 година. Можеби тоа нема да се случи по ваша вина, но потешко е да ги сакате другите ако трошите премногу време сакајќи се себеси. Мора да им обрнете многу поголемо внимание на вашите сакани. Вашиот годишен хороскоп покажува дека луѓето нема да сочувствуваат многу со вас и дека вашата врска ќе наиде на потешкотии во првата половина од годината. Мора да се потпрете исклучиво на себеси ако сакате да ги решите проблемите. Не ги преувеличувајте работите. Ако постои проблем, решете го и тргнете понатаму. Промената на вашите реакции на проблемите ќе им помогнат на вашите пријатели, семејство и најблиски да се вратат таму каде што би требало да бидат – покрај вас.

Девица

На почетокот на годината девиците ќе доживеат раздор во љубовната врска. Ќе ви треба време за да ги решите проблемите. Не очекувајте работите да се решат сами по себе, само затоа што сакате сè да се случи одеднаш. 2019 ќе биде идеална година за да поработите на односите со стручна помош или поддршка. Кога ќе дојде јуни, ќе бидете во многу подобра позиција што се однесува до давањето и примањето љубов. Пријателите и семејството ќе бидат тука за вас во текот на целата година. Посветете им внимание на луѓето кои ве сакаат и ќе добиете многу за возврат.

Вага

Новата романса само што не се распламтила. Понекогаш преголемата страст може да ве доведе до паника. Меѓутоа, посесивноста не е воопшто романтична. Треба да го контролирате тоа. Ако се чувствувате преплавени со љубов, немојте премногу да го стегате обрачот. Забавете малку и опуштете се. Стекнувајте доверба како во љубовните, така и во платонските врски или бидете подготвени за несогласувања во летните месеци. Бидете отворени за наоѓање нови пријатели или нова љубов. Без разлика кој пат ќе го одберете, мирот и хармонијата ќе преовладуваат во текот на ноември и декември 2019 година.

Скорпија

Страста и љубовта никогаш не биле проблем за вас. Секогаш ви е јасно што сакате и обично успевате тоа и да го добиете. Онаа особина што понекогаш ви недостига е дружењето и поврзувањето со луѓето. Во 2019 година вратата за таа опција ќе ви биде ширум отворена. Ако сте затворени, вашиот партнер ќе ве замоли да се отворите. Сторете го тоа. Оваа година ќе бидете полни со енергија и креативност. Пренесете нешто од оваа енергија на меѓучовечките односи и ќе бидете изненадени од напредокот што можете да го остварите. На почеток, ќе ви биде непријатно, па дури и застрашувачко. Издржете и ќе бидете наградени. Ако немате партнер, што кај вас никогаш не трае долго, бидете трпеливи и почекајте да се појави една посебна личност.

Стрелец

Стрелците понекогаш сакаат да дознаат кои личности не припаѓаат во нивниот живот. Оваа година ќе ви биде проблематична во поглед на семејните односи и пријателствата. Меѓутоа, можеби не е лошо да дознаете на кого можете да сметате. Оваа година ќе бидете во оптимална форма и ќе ги нагласите сите ваши квалитети што ве прават привлечни. Тоа може да предизвика љубомора кај одредени пријатели што се чувствуваат загрозени во ваша близина. Немојте да носите никакви важни одлуки, но немојте ни да се ограничувате. Спријателете се со кого сакате. Тоа е ваш живот. Сепак, оддалечете се од пријателите кои имаат зајадливи коментари. До крајот на годината, вашите вистински пријатели и понатаму ќе бидат во ваша близина, како и една посебна личност.

Јарец

Оваа година нема да бидете дружељубиви како и обично, ќе бидете и по малку мрзоволни. Луѓето ќе бидат изненадени од вашиот краток фитиљ и од вашата намалена желба за излегувања и прослави. Социјализацијата со позитивни луѓе е многу важна поради енергијата што сте ја потрошиле претходно. Во 2019 година би требало да се фокусирате на ревитализација и на работите што ви се важни, наместо да губите енергија на она што е неважно. До есента подобро ќе разберете како да најдете рамнотежа во животот. Совладувањето на внатрешните стравови ќе ве направи поспособни и на другите полиња во вашиот животи. Немојте да очекувате големи промени на љубовен план оваа година доколку не работите на себе и не го негувате вашиот личен развој.

Водолија

Оваа година е одлична за промени. Честопати водолиите ги одбегнуваат романтичните или интимните односи на долги траки за да ја сочуваат својата независност. Вашата чувствителна природа ќе копнее по животна лекција која само вистинската врска може да ја донесе. Тоа значи дека на врската што сте ја започнале ќе ѝ дадете шанса да стане подлабока. Ќе уживате во задоволствата и во длабоката приврзаност со партнерот. До есента, можноста засекогаш да си го отворите срцето е голема. Не плашете се целосно да се предадете во тој период. Можеби сè уште не сте подготвени целосно да му се предадете некому, но време е да се ослободите од внатрешните стравови. Вашата мирна природа овој пат ќе ви помогне да постигнете заедништво.

Риби

Што се однесува до семејството и пријателите, сè е во ред. Ќе имате удобност и блискост, но ќе мора и вие да вложите повеќе труд во пријателствата и односите со луѓето. Во јули, вашата врска ќе наиде на потешкотии. Тоа ќе биде добар момент за да ја процените нејзината вредност. Дали сте задоволни од врската? Ако одговорот е негативен, тогаш мора да го согледате она што го давате и добивате за возврат. Проблемите лежат во еден од вас. Одвојте време за да дознаете од каде потекнуваат проблемите и обидете се да ги решите. Иако ќе има простор за недоразбирања и во септември и во октомври 2019 година, важно е постојано да вложувате љубов, нежност и доверба во вашата врска. Ако работите тргнат наопаку, ќе сфатите дали можете да сметате на личноста со која сте во врска.

Текстот Љубовен хороскоп за 2019 година е превземен од Reporter.mk.