Љубовен хороскоп за декември

Овен

Ако сте во врска:

Очекувајте изненадни несогласувања со партнерот кои може да доведат до сериозни конфликти. Избегнувајте неискреност по секоја цена, бидејќи може да ве доведе во лоша ситуација. Ќе ви биде потребно многу трпение и компромис за да ги решите тешкотиите. Втората половина на месецот ќе ви донесе стабилност, благодарение на романтичните и интимни моменти.

Ако сте слободни:

Во почетокот на месецот може да запознаете личност која ќе ви ги разбуди страстите и со која за кратко време ќе развиете интимен однос. Постои опасност отпосле да дознаете дека личноста е во врска и единствена опција да ви е тајно гледање. Ќе бидете приврзани за личноста и може да прифатите, а кон крајот на месецот очекувајте минливи несогласувања.

Бик

Ако сте во врска:

Ќе водите почесто разговори со партнерот во врска со несогласувањата во претходниот период. Ќе ви се зајакнат страстите, но може да почнете да чувствувате љубомора. Имате потреба од доминација, а кон крајот на месецот може да успеете да се нагодите на некое романтично патување. Ќе му пружите повеќе поддршка на партнерот и ќе бидете подготвени на исполнување желби.

Ако сте слободни:

Декември ќе ви донесе средба со личност со која во минатото сте биле во некаква врска. Ќе почнете да се гледате со поранешната љубов и ќе разговарате за сè што сте поминале откако сте завршиле. Ќе сфатите дека неискуството во минатото си го направило своето и ќе одлучите да си дадете уште една шанса. Постои можност овој пат да биде успешно.

Близнаци

Ако сте во врска:

Добро ќе ви оди во љубовта и ќе поминувате низ мали несогласувања кои може лесно да се решат. Разговарајте повеќе за она што го сакате двајцата за да ги разрешите дилемите и да нема недоразбирања. Внимавајте да не западнете во замка со наметнување доминација еден на друг и посветете се на заеднички интереси. Во втората половина ќе излегувате повеќе на необични и романтични места што ќе го подобри квалитетот на врската.

Ако сте слободни:

Ќе запознаете личност која ќе ве привлече со својата таинственост, мистериозност и интриги. Може да се однесува малку љубоморно и нападно кога сте вие во прашање, а во обид да дознаете што сака од вас, може да дојде до интимни односи сосема спонтано. Очекувајте бурна авантура, која може да прерасне во емотивна врска.

Рак

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот можно е да дојде до одредени конфликти со саканата личност, заради вашето често отсуство и дружење со пријателите, заради што ќе треба да направите договор. Потребни ви се промени во врската, па обидете се на поинаков начин да пристапите на врската. Во втората половина ќе има поголема стабилност во врската и ќе ги зајакнете интимните моменти. Најдете начин како да го поминувате заедничкото време.

Ако сте слободни:

Ќе сфатите дека личноста со која сте биле во авантура не е вредна за врска, бидејќи со неа немате иднина и задоволство. Ќе имате повеќе понуди да се впуштите во тајна врска, што ќе ви донесе дополнително разочарување, бидејќи барате нешто постабилно и мирно. Во втората половина на месецот ќе запознаете личност со која ќе си најдете многу заедничко и наскоро може да започнете врска.

Лав

Ако сте во врска:

Нема да се согласувате многу со партнерот и ќе имате проблеми со комуникацијата. Ќе заземате спротивни ставови за заедничките планови, а на партнерот ќе му биде потребна поголема слобода, заради што ќе почувствувате заладување на односите. Неопходно е да бидете отворени и да најдете заеднички прифатливо решение. Во втората половина може да најдете заеднички интереси и да внесете свежина во односот.

Ако сте слободни:

Имате силна потреба да останете слободни и да не влегувате во сериозни врски, но ни во авантури. Потребен ви е квалитетен партнер, кој не сте го пронашле и не сакате да ризикувате со површни и несериозни личности за сериозни врски. Може да имате кратка интимна авантура со личност која не е слободна, а кон крајот на месецот ќе запознаете личност која може да биде потенцијална за нешто повеќе и ќе ви привлече внимание.

Девица

Ако сте во врска:

Првите неколку денови од месецот ќе ви помогнат во решавање на несогласувања од претходниот период, а ќе мора да бидете повнимателни и да бирате добро зборови. Во втората половина на месецот ве очекуваа романтични моменти со саканата личност полни со слога и разбирање. Вашата блискост ќе се зајакне и повеќе време ќе поминувате заедно, во што ќе уживате.

Ако сте слободни:

Очекувајте дружење со личност која ќе ви биде многу привлечна, но во одредена мера и недостижна. Ќе ви биде необична и нема да бидете сигурни дали може да ја привлечете. Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека сте го постигнале посакуваното и кога заеднички ќе си ги препознаете квалитетите кои ви играат голема улога во изборот на партнер. Брзо ќе најдете заеднички интереси и ќе почнете да се гледате.

Вага

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот нема да можете да се согласите со партнерот околу важни работи во врската и ќе бидете на две различни страни, што може да доведе и до разделување. Важно е да бидете отворени и да бидете подготвени на компромис, а не на доминација. Доколку успеете да ја надминете ситуацијата, во втората половина на месецот ве очекуваат заеднички моменти во кругот на најблиските со што ќе ја стабилизирате врската.

Ако сте слободни:

Чувствувате одбивност кон повеќето личности кои ќе ви приоѓаат и сакаат да имаат нешто со вас, најчесто за една вечер. Површноста ќе ви пречи и посебно ќе ви одат на нерви некултурни личности. Кон средината на декември може да запознаете некој кој ќе ве изненади со својата зрелост и однесување, а тоа посебно ќе ве привлече. До крајот на месецот може да започнете врска.

Скорпија

Ако сте во врска:

На почетокот на месецот може да откриете некои тајни и лаги што ќе доведат до несогласувања и конфликти со партнерот. Доколку сте имале паралелна врска, и тоа може лесно да излезе на виделина, бидејќи сите скриени работи ќе испливаат на површина, заради што може да дојде и до разделување. Избегнувајте кавги и обидете се да постигнете компромис. Кон крајот на месецот очекувајте поголема стабилност и разговарајте за заеднички планови.

Ако сте слободни:

На почетокот на декември може да запознаете личност на забава која ќе се заљуби во вас на прв поглед. Прво нема да давате многу значење, но набрзо ќе сфатите дека личноста може да поседува квалитети кои ви се клучни. За кратко време може да влезете во интимна врска, а ќе бидете пријатно изненадени од тоа што партнерот истовремено е страствена, нежна, романтична и креативна личност, но може да ви пречи претераната емотивност.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ќе имате потреба да разговарате со партнерот на теми за кои вообичаено молчите. Криењето на некои факти и кажувањето лаги може да доведе до нестабилност, а напнатиот однос може да биде забележан и од најблиските. До средината на месецот односите ќе се средат и ќе се договорите околу некои заеднички цели, а блискоста и комуникацијата ќе достигнат завидно ниво.

Ако сте слободни:

Ќе бидете разочарани од некоја личност за која сте мислеле дека ѝ се допаѓате, но се покажала како површна и неодговорна. Ќе се повлечете на кратко во себе, додека кон средината на месецот не запознаете личност која ќе ве расположи со ведриот дух и разговорите на теми за кои не сте имале можност да се отворите со некого. Почесто ќе се гледате и може да започнете нова квалитетна врска.

Јарец

Ако сте во врска:

Почетокот на декември ќе ви донесе несогласувања во љубовниот однос заради тоа што повеќе се фокусирате на сите други активности освен на оние со партнерот. Комуникацијата ќе ви биде нејасна, па избегнувајте невистини, бидејќи лесно ќе доаѓа до кавги. Во втората половина ќе ви се оствари некоја заедничка желба, што ќе ви помогне повторно да се зближите и да ги зајакнете односите.

Ако сте слободни:

Обидите да го привлечете вниманието на некоја личност која ви се допаѓа кон себе, може да бидат неуспешни, бидејќи некој друг ќе ве „победи“. Разочарувањето кое ќе го доживеете ќе ве држи повлечени одреден период, но потоа ќе запознаете личност со која спонтано ќе започнете разговори и ќе откриете дека имате многу заедничко. Ќе ви годат излегувањата и долгите ноќи поминати во разговори, па може да се разгорат емоции и страст.

Водолија

Ако сте во врска:

Ќе наидете на многу нејаснотии во врската на почетокот на месецот и можно е да чувствувате заладување на односите со партнерот. Ќе бидете склони кон занемарување на важни работи, а тоа ќе донесе до оддалечување и проблеми. Во втората половина на месецот ќе почнете да забележувате нешто што претходно не сте го разбирале и ќе разговарате на теми кои се важни за подобрување на односите. Почесто ќе излегувате со заеднички пријатели и ќе поминувате време заедно.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе се впуштите во минлива авантура со личност која не е слободна, но ќе го скрие тоа од вас. кога ќе дознаете дека сака тајна врска со вас, ќе го прекинете односот. Повеќе ви одговара да бидете сами отколку во тајна врска, а со малку трпение ќе запознаете и личност која повеќе ви одговара за нешто повеќе од кратка авантура и брзо ќе ве освои.

Риби

Ако сте во врска:

Декември ќе ви донесе подобрување на комуникацијата и повеќе разбирање во односите со партнерот. Она што било неискажано, сега ќе успеете да го решите и ќе си ги исполните заедничките ветувања. Втората половина на месецот ќе ве мотивира да направите заеднички планови и да поминувате повеќе време насамо, а патувањето за празниците е една од опциите.

Ако сте слободни:

Ќе наидете на недоразбирање во односите со некои блиски личности, а спонтаната средба и познанството со некоја личност ќе ви го одвлече вниманието од тешкотиите. Ќе се чувствувате како да сте запознале личност која може да ве разбере и ќе го забележи вашето нерасположение, па веднаш ќе ви пружи поддршка и добар совет. Тоа ќе доведе до заемни емоции и зближување.

Текстот Љубовен хороскоп за декември е превземен од Reporter.mk.