Љубовен хороскоп за оваа есен

Овен

Оние што се сами, оваа есен сè уште ќе бидат во потрга по љубов. Сите слободни овни ќе имаат тешкотии во пронаоѓањето партнер. Оние кои се во врска ќе се трудат да го подобрат својот емотивен живот.

Бик

Во текот на есента, биковите ќе ги сносат последиците од летните авантури, трудејќи се да ги остават за себе. Некои од нив ќе успеат, додека останатите, летната авантура ќе ја претворат во сериозна врска.

Близнаци

Во текот на есента, близнаците ќе бидат спремни за нови почетоци. Ова најмногу се однесува на оние кои со години избегнуваат сериозни врски или брак. Сега ќе бидат подготвени и на такви чекори.

Рак

Раковите што се во врска или брак, оваа есен ќе имаат прилично трнлив пат. Односот со партнерот ќе им биде ставен на тест. Кај слободните ракови постојано ќе се појавуваат нови личности во животот, а тие ќе бидат спремни за уживање, истражување и за забава.

Лав

Со пристигнувањето на есента следува уште една фала на помрачување која се поврзува со полето на личноста и полето на бракот. Ова е последниот период во кој лавовите навистина треба да се борат за нивната љубовна приказна. Слободните лавови во овој период ќе бидат во своето стандардно расположение, уживање и слобода.

Девица

За време на есента, доколку некои врски се прекинати во текот на првата половина на годината, во овој период може да дојде до обнова на односите. Кај некои девици кои се во брак, ќе дојде до прекин на тајната љубов.

Вага

Со пристигнувањето на есента, оние кои го зачувале својот брак или врска, можат да бидат мирни. Неопходна е толеранција, а вие знаете како да ја задржите. Слободните ваги ќе се препуштат на страстите, сè додека не ги погоди минатото и личноста која им оставила белег. Повторно ќе започнат љубовните игри.

Скорпија

Со пристигнувањето на есента, сè ќе си дојде на свое место. Сега знаете на што сте. Ова се однесува на оние кои се во брак или во подолга врска. Што се однесува до слободните, во овој период ќе талкаат, малку ќе се навратат на минатото, малку ќе се активираат околу нови личности, иако ќе бидат свесни дека со нив можат да имаат само авантура.

Стрелец

За време на есента, стрелците ги очекува проблеми во љубовните односи. Постојат шанси некои од нив, на почетокот од есента, конечно да стават крај на врската или на бракот, или нивниот партнер да одлучи дека не сака да има ништо повеќе со нив. Слободните стрелци може да ја обноват врската со некој поранешен партнер.

Јарец

Оваа есен, оние кои се во врска ќе имаат прилика да ја стабилизираат ситуацијата со саканата личност, но тоа ќе биде прилично тешка задача. Слободните јарци овој период во главно ќе уживаат. Некои врски од минатото повторно ќе се појават, па треба да размислите дали вреди да се вратите на поранешната љубов или не.

Водолија

Есента за водолиите е време за испитување на ситуацијата, но ни во овој период нема да биде лесно. Некои односи нема да можете да ги спасите. Од друга страна, оние што се во подолги емотивни врски можат да отидат во друга крајност и нагло да се одлучат за почеток на заеднички живот или брак. Некои слободни водолии ќе се одлучат да се вратат кај бившиот партнер, а другите ќе започнат нова љубов.

Риби

Есента им носи проблеми на сите риби кои се во какви било забранети односи, без разлика се слободни или во врска. Со некои дилеми дефинитивно ќе завршат и ќе сфатат кон кои личности треба да се обратат и да им посветат внимание и љубов.

Текстот Љубовен хороскоп за оваа есен е превземен од Reporter.mk.