Градот Лос Анџелес е претесен за комеморацијата и погребот на Коби Брајант, пренесуваат американските медиуми. Легендарниот кошаркар беше еден од симболите во „Градот на ангелите“ и имаше голем број фанови во овој град. Само во централниот дел на Лос Анџелес има 3.5 милиони луѓе, додека во останатот дел уште 17,5.
Челниците на градот, кои сакаат да го зачуваат споменот на НБА-легендата, сè уште ги разгледуваат опциите како да биде организирана комеморацијата.
„Брајант е како океан, тој беше составен дел од нашите животи. Многумина имаа сјајни кариери, но потоа потонаа. Но тој пишуваше ново поглавје, и тоа не само за себе, туку и за својот град, за своите ќерки. Знамињата се на половина копје, градот е обоен во жолта и виолетова боја (Лејкерс). Луѓето сакаат споменик посветен на овој човек, но најмудро е да почекаме неколку дена или недели“, изјави Ерик Гарсети, градоначалникот на Лос Анџелес.
Текстот Лос Анџелес претесен за комеморацијата и погребот на Коби Брајант е превземен од Reporter.mk.