Ловецот Елмер Фад од цртаниот Душко Долгоушко остана без пушка

Во новите цртани филмови на „Луни Тјунс“, кои компанијата „Варнер Брос“ ги подготвува за HBO Max, ловецот Елмер Фад (Елмер Давежот), ќе остане без пушка. Ваквата одлука предизвика поделени реакции кај фановите.

Промените во најновото издание на класичната анимирана серија се одговор на насилството со оружје во САД, прнесува „Њујорк Тајмс“.

Добро познаите цртани филмови на големо се засновале околу упорните потери на Елмер за зајакот кој јаде моркови и често се служи со добро познатата фраза What’s up Doc?

Елмер е познат по својата реченица во која ги моли гледачите да бидат тивки затоа што го лови зајакот, кој го надмудрува постојано, иако ловецот со себе ја има својата пушка.

„Нема да има повеќе оружје. Но, ќе се занимаваме со цртаното насилство, како што е ТНТ, динамитот. Сето она што на некој начин го наследивме. Но, Елмер нема да остане со празни раце во новите цртани. Ловецот сега ќе биде со коса“, изјавил извршниот продуцент на новиот серијал, Питер Браунгарт, за „Њујорк Тајмс“.

„Во 200-те нови цртани кои ќе содржат и други ѕвезди од „Луни Тјунс“, цртаното насилство нема да недостига. Со некои можеби и претеравме малку, ма можеби ќе излезат во поинаков формат“, дообјаснил Питер.

„Минуваме низ таков бран на борба против насилството, па сите треба да бидат пријатели, сите мораат да се согласуваат“, вели Питер.

Текстот Ловецот Елмер Фад од цртаниот Душко Долгоушко остана без пушка е превземен од Reporter.mk.