Деби Елнатам измислила појас со кој ќе им помогне да одат на децата со попреченост. Таа дошла на оваа идеја откако докторите ѝ кажале дека нејзиниот син Ротем има церебрална парализа, болест чии симптоми се: слаби моторни способности, недоволен развој на мускулите и неможност за држење на телото.
Таа направила прототип на специјален појас кој служи за прицврстување на детето за телото на родителот. Па секогаш кога Деби ќе направела чекор, тој чекор го правел и Ротем.
Бидејќи нејзиниот син почнал да оди, таа побарала компанија што ќе ги произведува и продава појасите на интернет. По 11 години, појасот конечно е во продажба и го користат многу родители во светот. Функционира слично како прототипот на Деби и им помага на децата да стојат исправено, прикачени за телата на нивните родители.
Текстот Мајка измисли појас кој им помага на децата со попреченост да одат е превземен од Reporter.mk.