Двајцата македонски планинари, Александар Кирковски и Димитар Тодоровски, вчера успешно го искачија највисокиот врв во Аргентина, Аконкагва, на 6962 метри надморска височина. Ова е највисокиот врв во Јужна Америка, а втор највисок врв во светот.
За Александар ова искачување беше дел од подготовките за брзинско искачување на Аконкагва што треба да се случи во некој од наредните денови. Неговата цел е за 12 часа да се искачи од подножјето до врвот на планината и да се симне назад. Димитар, кој има 23 години, е најмладиот Македонец што го искачил овој врв.
„Искачувањето го реализиравме од вториот висински камп, времето беше стабилно со ветар од 40 километри на час и температура околу -25 степени. Се чувствуваме одлично по симнувањето,“ велат планинарите.
Пред околу еден месец Аконкагва успешно ја искачи и познатиот кардиолог и поранешен кандидат за претседател на Македонија, Сашко Кедев. Со него на таа експедиција беше и ексминистерката за култура Ганка Цветанова.
(Фото) Кедев и Ганка баталија политика, подобро е во Аргентина
Текстот Македонци го искачија највисокиот врв во Јужна Америка е превземен од Reporter.mk.