Македонец е избран за најубаво дете во светот

Македонскиот претставник, осумгодишниот Садат Јакупи ја освои титулата Тоp Model Galaxy за 2019 година, на детскиот избор за убавина Little Miss&Mister Galaxy 2019 кој се одржа во Банско.

Садат е член на Модното студио „Црнокрак“ и беше еден од многубројните учесници на млади модели кои пристигнаа од целиот свет. На изборот Мики Црнокрак, веќе трета година по ред ја доби титуалта за најдобар Национален Директор.

Црнокрак вели дека прекрасно е чувсството да се претставува Македонија надвор од границите. Особено кога ќе се вратите дома со титули, тогаш задоволството е комплетно, вели Црнокрак.

„Садат заслужено ја освои титулата, првенствено со својата убавина и шарм, на кој не останаа рамнодушни сите членови на жири комисијата. Допринесе и неговиот однос, кој за целото време на изборот го имаше во Банско како кон организацијата, така и кон неговите другарчиња, односно колеги од целиот свет. Морам да се заблагодарам на ‘Ансабл Кочо Рацин’ од Скопје кој ни дадоа народна носија за да се преставиме, како и на ‘ЈП. Паркови и зеленило кои ни помогнаа околу подговотвките  “, вели Мики Црнокрак.

 

Текстот Македонец е избран за најубаво дете во светот е превземен од Reporter.mk.