Македонскиот планинар и планински тркач, Александар Кирковски за 9 часа и 52 минути се качи и слезе од највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва. Тој вчера (14 февруари) брзински се искачи на највисокиот врв на Андите, со висина од 6962 метри надморска височина.
„Не беше воопшто лесно, во првите часови имав проблем со мрзнење на стапалата и не знаев дали ќе можам да продолжам. Го дадов својот максимум и презадоволен сум од постигнатото. Ова е резултат на долги години труд и ентузијазам. Ова нека биде мотив за идните генерации планински спортисти. Им благодарам на сите кои ми дадоа поддршка, посебно на Димитар Тодоровски кој е тука со мене“, рече Кирковски откако се врати од искачувањето.
Ова е вторпат во неколку дена македонслкиот алпинист да го искачи највисокиот врв во Јужна Америка, кој е втор највисок врв во светот. Тој минатата недела се качи на Аконкагва заедно со Димитар Тодоровски.
Текстот Македонец за помалку од 10 часа се качи и слезе од највисокиот врв во Јужна Америка е превземен од Reporter.mk.