На 29 јануари 2019 година во „Штарк арена“ во Белград првпат ќе се доделуваат регионални музички признанија, Huawei Music Awards Ceremony (MAC). На доделувањата ќе присуствуваат најголемите музички ѕвезди од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Организатор на настанот е најголемата регионална продукциска куќа во регионот, „Скајмјузик“.
Програмата ќе трае повеќе од четири часа и на неколку поврзани бини ќе се појават повеќе од 60 познати личности од регионот. Истовремено ќе бидат доделени повеќе од 20 музички признанија за најдобри изведувачи, песни од различни жанрови, спотови, сценски настапи и слично.
„На манифестацијата се очекуваат преку 200 познати личности кои ќе прошетаат по црвениот килим, а на церемонијата на доделување на музичките признанија ќе присуствуваат 15.000 посетители. Овој забавно-музички настан директно ќе го пренесуваат неколку телевизиските во регионот“, велат организаторите.
Изведувачите и песните ги номинираат радио станиците. Гласачите од сите земји од регионот ќе можат да гласаат за своите фаворити на интернет, преку официјалната страница www.musicawardsceremony.com, преку „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
Текстот Македонија во трка за музички награди е превземен од Reporter.mk.