Планинар од Македонија загина на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, пренесува МИА. Тој бил дел од групата од девет лица од нашата земја кои планинареле на Олимп. Се претпоставува дека на мажот или му се слошило или добил срцев удар, но точната причина за смртта ќе се знае откако ќе се изврши обдукцијата.
Телото од провалијата го извлекле планинарите кои биле заедно со него. Во пренесувањето на телото од местото на несреќата до планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри, интервенирале 14 лица од специјалната спасувачка единица и од противпожарната служба од Литохоро.
Текстот Македонски планинар загина на Олимп е превземен од Reporter.mk.