Велосипедот што прочистува воздух, изум на шестмина студенти од Машинскиот факултет од Скопје, освои два златни медала на 12. меѓународна изложба на иновации „KIWIE 2019“, што се одржа во Сеул, Јужна Кореја. Иновацијата е наградена и со Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.
Пронајдокот наречен „филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е дело на студентите Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф. д-р Иле Мирчески и дипломираниот машински инженер Тошко Ристов.
„Пронајдокот е награден со Златен медал од страна на меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија и со диплома за најдобар пронајдок од страна на Центарот на жени иноватори на Узбекистан“, објави Машинскиот факултет.
Системот за прочистување на воздухот е составен од филтер кој е вграден во држачите на тркалото. Со ротацијата на тркалото се прима воздухот и се задржуваат некои честички, а тој потоа се испушта прочистен. Идејата е велосипедите да бидат поставени на неколку станици низ градот. Цената на изнајмувањето ќе зависи од тоа колку километри се извозени и во која зона од градот, а на станиците ќе бидат поставени и полначи за велосипедите.
Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина…
Posted by Машински Факултет Скопје on Понеделник, 16 септември 2019
Текстот Македонски студенти измислија велосипед што прочистува воздух е превземен од Reporter.mk.