Македонскиот документарец „Медена земја“ со три награди на фестивалот „Санденс“

Македонскиот документарец „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска освои три награди на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“. Тој ја освои главната награда од жирито во програмата Светски филм за документарци, специјалната награда од жирито за влијание за промена добија Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, а Фејми Даут и Самир Љума добија специјална награда за камера.

„Медена земја“ ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Идеката на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на ресурсите на Земјата.

Музиката на „Медена земја“ е на групата „Фолтин“. Документарецот е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, а е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Текстот Македонскиот документарец „Медена земја“ со три награди на фестивалот „Санденс“ е превземен од Reporter.mk.