Кошаркарите на Македонија освоија бронза на Специјалната олимпијада што се одржува во Абу Даби. Тие ја победија екипата на Буркина фасо со 24-18. Кошаркарите ги предводеа тренерите Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски.
Претходно, златни медали освоија Марио Мицковски и Стефан Трпковски во пливање, а во атлетика медали освоија Адријан Шабан и Сара Дураку.
Летната специјална олимпијада Абу Даби 2019 е најголем спортски настан со хуманитарен карактер. Учествуваат повеќе од 7000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови.
Текстот Македонските кошаркари освоија бронза на Специјалната олимпијада во Абу Даби е превземен од Reporter.mk.