Малезискиот крал Мухамед Пети од Келантан, кој се одрекол од престолот за да се ожени со поранешната руска мисица Оксана Војеводина, по само неколку месеци во брак, сега планира да се разведе.
Според пишувањата на весникот „Стархит“, односите помеѓу нив двајцата не се најсјајни, но сепак самите сопружници досега ја немаат потврдено веста за престојниот развод.
Гласините што се шират во јавноста, велат дека Мухамед откако пред неколку месеци се омажил, често се расправал со својата сопруга. Нивни блиски пријатели велат дека веќе ги подготвуваат сите потребни документи за развод.
Изборот на новиот крал е одржан на заседание во Советот на малезиските владетели во главниот град Куала Лумпура, со кое претседавал султанот на државата Теренган.
Новиот крал на Малезија е султанот Абдулах, 59 годишен спортист и е спонзор на националната спортска програма, претседател на малезиската Фудбалска федерација и член на управата на ФИФА.
Текстот Малезиски крал се откажал од престолот за руска мисица, па се покајал е превземен од Reporter.mk.