Маникир со суво цвеќе – нов тренд за нокти

Сега сушеното цвеќе може да се користи не само во примарната уметност, туку и во уметноста на ноктите. Некои мајстори на маникирот осмислиле необичен дизајн на нокти користејќи разнобојни сушени цветови, така што ги ставија под неколку слоја гел-облоги.

Ваквиот маникир е особено популарен во азиските земји. Локалните девојки повеќе сакаат уреден и природен маникир кој ја нагласува лесната, розова нијанса на прстите.

Мајсторите на уметноста врз нокти ги украсуваат ќошињата со мали цветови, омекнувајќи го обликот на плочките на ноктот, во зависност од местото на нанесување. Таквиот маникир најдобро е да не се меша со гел во боја за да не се оптовари сјајниот дизајн и да не се одврати вниманието од нежните преубави билки. Доколку при рака немате готов хербариум, целата потребна дополнителна опрема можете да ја купите во која било продавница.

Текстот Маникир со суво цвеќе – нов тренд за нокти е превземен од Reporter.mk.