Мапа на земји во кои веројатно нема ја доживеете седмата деценија

Научници утврдиле 180 земји во кои е голема веројатноста дека нема да ја доживеете седмата деценија од вашиот живот. Ваквата анлиза тие ја темелеле врз направените пресметки од анализите на смртните случаи од рак, срцеви и белодробни заболувања и дијабетис.

Што се однесува до земјите во кои е најголема веројатноста дека мажот ќе умре пред 70 година, прва е Монголија со (38,8%), следуваат Фиџи (36,8%), Казахстан (36,8%), Туркменистан (36.7%), Русија (36,5%) Белорусија (35,2%), Украина (35,1%) Грузија (34,9%), Кирибати (34,4%) и Северна Кореја (34,4%).

На „црната“ листа за жени на прво место е Сиера Леиона (32,6%), следат Брегот на Слоновата коска (30,1%), Гвајана (28,8%), Јемен (28,2%), Авганистан (27,7%), Папуа Нова Гвинеја (26,6%), Мали (26,2%), Лесото (25,2%), Хаити (25%).

На листата на држави во кои најмала е веројатноста дека ќе почине пред 70 години се наоѓа и Исланд (9,9%), Швајцарија (10,6%), Шведска (10,7’%), Норвешка (10,7%), Бахреин (10,9%), Јужна Кореја (10,9%), Австралија (11%), Јапонија (11,2%), Канада (11,5%) и Нов Зеланд (11,6%).

Што се однесува до жените на „белата“ листа води Јужна Кореја (4,7%), следува Јапонија (5,7%), Шпанија (6,4%), Швајцарија (6,6%), Сингапур (6,9%), Португалија (7%), Италија, Австралија, Финска и Франција по (7,2%).

 

Текстот Мапа на земји во кои веројатно нема ја доживеете седмата деценија е превземен од Reporter.mk.