Мапа со народи кои имаат заедничко потекло

Иако поранешна Југославија е расцепкана на помали држави, оваа мапа што се шири на социјалните мрежи покажува дека повеќето некогашни југословенски народи всушност имаат исти гени, односно исто потекло. Тоа важи за Србите, Хрватите, жителите на Босана и Херцегоцина, Македонците…

Границите на држави кои би биле поставени на основа на Y-DNK, хаплогрупа, би биле држави кои би делеле ист предок, односно народи кои би припаѓале на иста држава, но не според политички одлуки.

Како што може да се види на фотографијата подоле, хаплогрупата е најчеста на Алпите и на Балканот. Според некои истражувања, тука живеат најмногу луѓе со просечна висина од 185,6 сантиметри.

Балканот е опкружен со хаплогрупа R1a, која е проширена на големо подрачје на Евроазија и се протега од Скандинавија, Средна Европа, југот на Сибир, па сè до југот на Азија.

Од картата можат да се видат следните хаплогрупи.

Хаплогрупа R1b – Најчесто е присутна во земјите од Западна Европа, но и во некои делови на Русија како и Средна Африка. Во мал број проценти може да се пронајде и во Источна Европа, Западна Азија, како и делови на Северна Африка и Средна Азија.

Хаплогрупа N – Широко е распространета ширум северот на Евроазија, а може да се пронајде и на другите подрачја како југоистокот на Азија, пацифичкото подрачје, југозападот на Азија и на југот од Европа.

Хаплогрупа I1 – Оваа хаплогрупа е најчеста во Шведска и на западот на Финска. I-М253 опфаќа околу 35-38 проценти од машките во Шведска, 32,8% од машките во Данска, 31,5% од машките во Норвешка и околу 28% од машките во Финска.

Хаплогрупа Ј1 – Распространета е на многу подрачја на Блискиот Исток и во делови од Кавказ, Судан и Етиопија. Може да се пронајде и на северот на Африка, југот на Европа, како и меѓу еврејските групи. Многу поретка е, но може да се пронајде и во делови од Европа, во Средна Азија и на индискиот потконтинент.

Хаплогрупа J2 – Ја има во Западна, Средна и Јужна Азија, во делови од Европа и Северна Африка, но најчесто ја поврзуваат со северозападот на Азија. Се смета дека хаплогрупата Ј2 потекнува од подрачјата меѓу Кавказ и Месопотамија.

Хаплогрупа Е – Повеќето членови на хаплогрупата Е-М96 припаѓаат само на една од идентификуваните подгрупи и таа причина е исклучително ретка. E1а и Е-М75 се наоѓаат речиси исклучиво во Африка.

Хаплогрупа G-G-M201 најчесто се пронаоѓа во Грузија, а може да се најде и меѓу малцинството жители во Кавказ. Има помал процент меѓу жителите во Европа, Јужна и Средна Азија, како и Северна Африка.

 

 

 

 

 

Текстот Мапа со народи кои имаат заедничко потекло е превземен од Reporter.mk.